ВИДЕО | Пендаровски: Ако Путин ја освои Украина, на Западен Балкан најранливата точка е Бања Лука

Стево Пендаровски во „Утрински брифинг“ / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Руската Федерација има 500 милијарди долари резерви и може да издржи тотална војна со Украина цели две години. Пендаровски потсетува дека според разузнавачки информации, предупредувањата дека Путин ќе влезе во Украина се од пред пет месеци.

– Немам никакви комуникации со рускиот амбасадор, а веројатно нема ни владата, но бидејќи како членка на НАТО се приклучивме кон санкциите и очекувам реципрочна мерка. Во политичкиот дел исто така очекувам мерки, бидејќи односите не ни се добри веќе две години. Во однос на безбедносните консеквенци ако Путин ја освои Украина, на Западен Балкан најранливата точка е Бања Лука, велипретседатеот Пендаровски за Утрински брифинг.

Тој додава дека е очигледно оти има постојан канал на комуникации меѓу Владимир Путин и Милорад Додик.

Проследете го целото интервју со претседателот Стево Пендаровски:

Пендаровски: Државата е подготвена со стокови резерви, проблем ќе биде ако кризата во Украина трае подолго

Пендаровски: Голема политичка штета прави тоа што нашите западни партнери по промената на името не ги започнаа преговорите со Македонија

ВИДЕО | Пендаровски: Загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија, а некои од партиите се предоминантно за оваа опција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот