Пенасти крофни од рерна: Меко тесто полно фил! (РЕЦЕПТ)

Кога ќе го подготвите овој десерт куќата ќе ви мириса на дом…

Потребно е: 200 мл млеко, 20 гр квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка маргарин, 2 јајца, 200-450 брашно, малку сол, кора од лимон.

За прелив: џем, шлаг или како крем, шеќер во прав и 1 ванилин шеќер

Подготовка: Во малку млеко додадете истрошен квасец, јајца, шеќер, маргарин, кора од лимон, брашно и добро измесете го тестото. Покријте го да се одмори па премесите.

Кога тестото ќе одмори повторно премесете го. Посипете малку брашно и ставете го нараснатото тесто, па израмнете го со сукало.

Од тестото со дебелина од 1,5 см вадете со чаша кругови и редете ги во плех кој е обложен со хартија за печење. Рерната вклучете ја на 200 степени па намалете ја на 180 степени.

Печете ги крофните околу 25 минути. Печените крофни покријте ги со крпа да се изладат.

Избушете дупка на крофните за да го ставите филот, па со шприц вметнете го филот. Изборот е на вас: џем, шлаг или чоколаден крем.

Посипете со прав шеќер. Уживајте во воздушестите и пенасти крофни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот