Пелистерци попуштија во второто полувреме против Монпелје, втор пораз за македонскиот шампион во Добој

Фото: RK Eurofarm Pelister

Maкедонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер одлично парираше, но на крајот сепак претрпе нов пораз на турнирот во Добој. Подобар од македонскиот претставник сега беше француски Монпелје со 26:29.

Избраниците на тренерот Александар Јовиќ одлично го стартуваа натпреварот и долго време беа рамноправен противник на поранешниот европски шампион, но падот во второто полувреме беше одлучувачки Французите да слават.

Во првото полувреме во најголем дел гледавме изедначена игра и ниту еден тим не направи поголема разлика од два гола. Монпелје на пауза замина со минимално водство од 11:12.

Почетокот на второто полувреме донесе многу подобра игра на францускиот тим кој започна да го диктира темпото и имаше се во свои раце. Во еден момент Монпелје водеше и со девет гола разлика, додека до крајот пелистерци се изборија за достоен пораз од 26:29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот