Фото: КК Пелистер

Пелистер во последната четвртина го скрши Маџари

Во последниот натпревар од денешната програма во рамки на 14. коло од македонската кошаркарска Суперлига, Пелистер дојде до убедлива победа на гостински терен кај Маџари со резултат 99-83.

Иако конечниот исход укажува на лесен триумф, случувањата на паркетот понудија поинаква слика. Домашниот состав беше целосно рамноправен во поголемиот дел од натпреварот, а по три одиграни четвртини резултатот беше израмнет 70-70. Сепак, во завршниот период следуваше пад во играта на Маџари.

Во последните десет минути домаќините реализираа само 13 поени, наспроти 29 на Пелистер, што битолчани максимално го искористија и стигнаа до победа со висока разлика. Најефикасен во редовите на Пелистер беше Стајиќ со 26 поени, Малешевиќ додаде 24, а Џенкинс заврши со 20 поени. Кај Маџари се истакна Хот со 28 поени.

По одиграни 14 кола, Пелистер се наоѓа на третото место на табелата, зад МЗТ Скопје и ТФТ, додека Маџари ја држи шестата позиција.

Нови порази за Работнички и Куманово, шампионот сигурен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот