Пеколен ритам за кошаркарите, за шест дена ќе играат четири натпревари во квалификациите за ЕП 2022

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја очекуваат пеколку шест дена во „меурот“ во Перм идниот февруари кога ќе се играат последните натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година.

Имено, избраниците на селекторот Александар Тодоров во рок од шест дена ќе мора да одиграат четири натпревари.

Првиот натпревар во „меурот“ во Перм кошаркарите ќе го имаат на 18. февруари идната година против селекцијата на Италија. Наредниот ден, на 19. февруари, Македонија ја чека дуелот со организаторот на вториот „меур“, селекцијата на Русија.

На 21. февруари, следува вториот меч против соодветната селекција на Италија, додека можеби и најважниот натпревар за нашиот национален тим е закажан за за 22. февруари, откако претходно својот натпревар ќе го одиграат репрезентациите на Естонија и на Русија.

Кошаркарската репрезентација на Македонија не ги одигра двата натпревари во ноемвриските квалификации кои се играа во Талин, Естонија, бидејќи во нашиот табор имаше позитивни на коронавирус.

Распоред на натпревари на „меурот“ во Перм

18. февруари
Италија – Македонија

19. февруари
Италија – Естонија
Македонија – Русија

21. февруари
Македонија – Италија
Русија – Естонија

22. февруари
Естонија – Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот