Пекабеско оствари раст на приходите во првите шест месеци

Пекабеско АД за периодот јануари-јуни 2019 оствари позитивни консолидирани финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 57,3 милиони денари и е понизок за 8,3% од 2018 година.

Во 2019 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Пекабеско АД.

Остварените вкупни консолидирани приходи од работењето во периодот јануари-јуни 2019 година и изнесуваат 2.296,8 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 4,1%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 4,2%.

Прочитајте и...  Јужна Кореја ќе тестира 200.000 членови на верска група за коронавирус

Остварените вкупни консолидирани расходи во периодот јануари-јуни 2019 година изнесуваат 2.261,2 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 6,0%.

Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2019 година изнесуваат 27 милиони денари и кумулативно за 7 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 499 милиони денари.

Долгорочната задолженост на 30.06.2019 година изнесува 410,3 милиони денари и во споредба со состојбата од минатата година бележат намалување од 2,4%.

Краткорочната задолженост на 30.06.2019 година изнесува 155,7 милиони денари и во споредба со состојбата од минатата година бележат намалување од 30,9%.

Компанијата Пекабеско АД за периодот јануари-јуни 2019 реализираше 19 нови вработувања.

Прочитајте и...  Самоизолација на европратеници кои посетиле региони зафатени со Ковид-19

Прочитај повеќе

Демократските кандидати за претседател на САД на нова дебата во Јужна Каролина

Слободен печат

Сè што треба да знаете за купување и ракување со плински боци во домаќинство

Заврши психијатриското вештачење на Малчанскиот бербер: „Мирен е и во затворот не прави никакви проблеми“

Слободен печат

„Блиц“: Советот на Европа го дематираше Ѓукановиќ за Законот за вероисповед

Слободен печат

Демант од романското Министерство за здравство: Нема потврден случај на коронавирус

Слободен печат

Билчик: ЕУ нема да ги менува правилата за преговори со Црна Гора

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Црна Гора 184 лица под надзор поради актуелниот коронавирус

Слободен печат

Боцан-Харченко: Соработката на Русија со Србија допринесува за зачувување на нејзината независност

Слободен печат

Мицкоски: Бараме истрага за злоупотреба на службена должност од страна на Заев

Слободен печат

Ученици и наставници од БиХ во домашна изолација откако ја посетија Италија

Слободен печат

Иран: САД ја кријат вистината за ракетниот напад во Ирак

Слободен печат

Бизарен инцидент во Британија: Нападнал три лица, па бегал од полицијата на ролери

Слободен печат