Фото: Промо

Пејачката која успеа да ги спои харфата и поп музиката денеска полни 25 години: Среќен роденден Сара Мејс

Денеска, 20 октомври, својот роденден го прославува Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс. Родена во Скопје во 1990 година, таа е една од највпечатливите македонски уметници, поп пејачка, харфистка и кант-автор, позната по својот уникатен музички стил кој ги спојува поп, етно и класичните елементи.

Сара уште од најмала возраст го насочила својот живот кон музиката. По завршувањето на основното образование, таа се запишала во Средното музичко училиште во Скопје, а своето образование го продолжила на „New Bulgarian University“, каде што дополнително го усовршувала своето мајсторство на харфа.

Како професионална харфистка, Сара е дел од Македонската опера и балет.

Нејзиниот талент бил препознаен уште кога била мала. Сара е позната по своите иновативни аранжмани и способноста да ги поврзе различните музички жанрови. Еден од најзначајните моменти во нејзината кариера било учеството во онлајн концертот по повод Светскиот ден на харфата, каде што настапила заедно со врвни харфисти од целиот свет. За таа пригода, Сара компонирала дело инспирирано од македонската народна песна „Се посврши сербез Донка“, кое го насловила „Donka of Macedonia“.

Спот Година Режисер
Сон 2012 Владимир Дади Ивановски, Нена Зафировска
Намбареја 2014 Дарко Мораитов
Пеперутки 2015 Горан Костадинов
Немам пари 2017 Горан Костадинов
Небо 2017 AleXanDeR Принц
Лажев 2017 Ѓорѓи Вацев, Пеце Здравковски
Црна капина 2018 Љупка Андоновска
Гласот на децата 2018 Оливер Пап
Копито 2019 AleXanDeR Принц
Трепет 2020 Christian Shemko
Фрекфенција 2023 Christian Shemko
Очи вселена 2023 Томислав Живковиќ
Хероина 2024 Томислав Живковиќ

Сара Мејс е во брак со познатиот македонски телевизиски водител Димитар Атанасовски, од кој имаат две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот