Пејачката ги поддржа ракометарките: Пинк се понуди да ја плати казната на норвешкиот женски тим

Пинк и ракометарки
Фото: Instagram

Припадничките на норвешкиот тим за ракомет на плажа одбија да настапуваат во досегашните дресови составени од кус горен дел и бикини, а Пинк воодушевена од нивната одлука ги поддржа и изјави дека ќе им плати за казната што можно е да ја добијат.

Американската пејачка е подготвена да им помогне на девојките од норвешкиот тим за ракомет на плажа во нивната борба за пристојни дресови. Четириесет и едногодишната Пинк на социјалната мрежа Твитер ја искажа својата поддршка, откако дозна за одлуката на спортистките кои се побунија поради нерамноправниот третман.

Според правилата, машките членови на тимовите носат дресови составени од долга маица и шорцеви, додека женските носат горен дел што наликува на градник и долен бикини дел. Потоа Пинк напиша дека ќе биде среќна да плати за евентуалните казни што можат да ги добијат спортистките.

„Многу сум горда на Норвешкиот женски тим за ракомет на плажа, кој протестира против сексистичките „униформи“. Европската ракометарска федерација треба да биде казнета за сексизам. Браво девојки. Со задоволство ќе ги платам вашите казни. Само така продолжете“, напиша таа на својот твитер-профил.


Во петокот норвешкиот тим за ракомет на плажа објави фотографија на која се гледа дека решиле на натпреварот против Шпанија, да играат во поинакви дресови од оние што ги налага федерацијата. Откако пејачката им ја искажа поддршката, тие ја споделија изјавата на инстаграм-стори со благодарност до неа.

Пинк ѝ се придружи на тениската легенда Били Џин Кинг, која оваа недела зборуваше против казната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Forgotten Women (@forgottenwomen)


„Норвешкиот тим за ракомет на плажа се соочува со можна казна затоа што сакале да носат шорцеви, наместо бикини. Шорцевите не покриваат повеќе од 10 сантиметри од секоја страна. Мажите смеат да носат шорцеви. Сексуализацијата на жените мора да запре“, реагираше тенисерката.

Инаку, не постои ниту една добро оправдана причина поради која жените мора да носат вакви дресови што повеќе откриваат, во споредба со мажите што смеат да носат подолги шорцеви и маици, кои сокриваат поголем дел од телото.

Казната против норвешкиот тим беше најавена од Дисциплинскиот комитет на Европската ракометна федерација (ЕРФ), кој побара тимот да плати 1.500 долари, односно по 150 долари од играч. Официјални лица од Норвешка го изразија својот протест против ваквата одлука.

„Навистина е смешно. Каква промена во ставот е потребна во светот на мачо и конзервативниот интернационален спортски свет“, реагираше на Твитер норвешкиот министер за култура и спорт Абид Раџа.

Ерик Сордал, претседател на Норвешката ракометна федерација, изјави дека ова не смее да е прашање во 2021 година.

Секако дека ќе ја платиме казната. Сите ние сме заедно во ова, изјави претседателот на Норвешката ракометна федерација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RT Documentary (@rt_documentary_)


Иако Пинк е подготвена да плати за казната, не е јасно дали таа ќе има шанси да го стори тоа наместо Норвешката ракометна федерација.

По жестоките реакции на обожавателите, кои одлуката на ЕРФ за казна на ракометарките ја прогласија за сексистичка, претседателот на федерацијата изјави дека уште еднаш ќе ја разгледаат одлуката.

Можам да потврдам дека ЕРФ ќе направи сè за да ги воведе измените во униформите за спортистите. Ќе направиме значајни промени со кои ќе продолжиме да го промовираме спортот на најдобриот можен начин за секого, без разлика на полот, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот