Педесет години подоцна: Британски фармер го пронашол својот „Ролекс“, мислел дека го проголтала крава

Илустрација / Фото: David Burton / Alamy / Alamy / Profimedia

Британски фармер го пронашол својот часовник за кој 50 години мислел дека станал оброк за една гладна крава, пренесува „Упи.ком“.

Фармерот Џејмс Стил го пронашол својот „Ролекс“, инаку роденденски подарок, кој го изгубил далечната 1970 година. Џејмс се почастил со часовникот за својот 21 роденден, но го изгубил две децении подоцна додека работел на фармата во Шропшир, Англија.

Со часови го барал низ полето, но безуспешно. Единствената трага била една крава која пасела во близината. Ветеринарот му објаснил на, тогаш младиот фармер, дека часовникот може е изеден од кравата заедно со тревата.

Поминале децении и Џејмс го прежалил, можеби дури и заборавил на својот скап подарок. Но, неодамна неговиот син му дозволил на познатиот „ловец на богатство“, Лиам Кинг, да го пребара нивниот имот за стари монети.

Лиам пристигнал на фармата опремен со детектор за метал, а потоа, на задоволство на Џејмс, го пронашол неговиот стар часовник.

Но, не им било јасно дали „Ролексот“, кој имал зелена боја на површината, навистина поминал низ дигестивниот тракт на кравата.

„Бев задоволен, бидејќи не мислев дека некогаш ќе го најдам. Недостасува дел од ремчето и механизмот не работи. Сепак, тој ја избегнал ‘рѓата“, открил Џејмс.

Британскиот фармер рекол дека не планира да го поправа часовникот, бидејќи би било прескапо, но ќе го чува како убав спомен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот