ПЕЧАТ 2019: Перо се разведе, Марјана призна дека го сака Пеце, а Слаткар и Панчо ќе си „извадеа“ очи!

Редакцијата на „Слободен печат“ направи избор на НАЈ настани што ќе ги паметеме од годината што измина.

Можеби македонската естрада не е голема како српската, бугарската или албанската, но и тоа како во 2019 година имаше настани и случки по кои ќе ја паметиме.

Редакцијата на „Слободен печат“ направи избор на НАЈ настани што ќе ги паметеме од годината што измина.

Да започнеме со ред:

Развод на годината: Перо Антиќ и Ружица

Фото: Инстаграм

Во 2019 година пукна бракот на нашиот најпознат кошаркар и претседател на кошаркарската федерација, Перо Антиќ и неговата сопруга Ружица. Нивниот брак впрочем и наназад низ годините неколку пати висеше на конец, меѓутоа двајцата успеваа да ги решат проблемите, се до оваа година кога и Перо и Ружица ја потврдија информацијата дека повеќе не се заедно.

Пар на годината: Петар Наумовски и Марјана Станојковска

Фото: Инстаграм

По цели седум години успешно криење на нивната врска, медиумите конечно ја обелоденија љубовната врска помеѓу поранешниот кошаркар Петар Наумовски и водителката Марјана Станојковска. Познатата водителка за емисијата „Ексклузив“ која се емитуваше на 1ТВ призна дека е заедно со Пеце, меѓутоа избегна да зборува за деталите. Исто така и забавната редакција на „Слободен печат“ пред неколку недели успеа и да го фотографира парот како излегува заедно од еден познат ресторан во Скопје.

Кавга на годината: Слаткар и Панчо


Со години траеше нетрпеливоста помеѓу познатите рапери Слаткар и Панчо од ДНК, а сетоа тоа кулминираше кога Слаткар гостувајќи во една емисија упати најпогрдни зборови и пцовки на сметка на Панчо. Меѓутоа ниту Панчо губеше време, па во првата прилика му возврати со иста мера на неговиот „конкурент“.

Несреќна во љубовта: Елена Ристеска

Фото: Инстаграм

Очигледно Елена Ристеска 2019 година нема да ја памети по љубовта. Таман кога помисливме дека познатата пејачка конечно е среќна со тетовираното момче Филип Арсовски, нивната љубов за многу кратко време пукна како меур. Ова и беше прва официјална љубовна врска на Ристеска по разводот со поранешниот сопруг Бојан Ивановски.

Патот од Орман до Шутка на Боки 13

Фото: Слободен печат

Од живот како во бајките, еден од најпознатите шоумени во Македонија, Бојан Јовановски или познат како Боки 13 заврши зад решетки. Причината веќе многу добро ја знаете. Боки е првообвинет во случајот „Рекет“. Живот на висока нога, скапи автомобили, брендирана гардероба, прескапи очила и што ли уште не, се минато за Јовановски. Тој и 2020 година ќе се обидува пред судските органи да ја докаже својата невиност.

Го стигна казната: Панки уапсен во Грција за дело пред 13 години

Фото: Принтскрин

На 23 март на граничниот премин Богородица кај Гевгелија беше уапсен фронтменот на групата „Куку Леле“, Панки Каимовски и тоа за дело направено пред 13 години. Познатиот пејач се барал со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што крадела податоци од картички на банкомати. Долго време во јавноста се шпекулираше каде Панки ја извршува казната, дали е тоа Грција или Германија, се до пред неколку недели кога сите медиуми во земјава објавија дека тој се вратил во Македонија и дека ќе настапува во познат скопски ресторан за дечокот на најлудата ноќ.

Ескобар Силвија: Познатата актерка Силвија Стојановска вмешана во шверц на 700 килограми кокаин

Фото: Фејсбук

Дефинитивно ова е како приказна од филмовите во која споредната улога и била доделена на нашата позната актерка Силвија Стојановска, сопругата на покојниот актер Ненад Стојановски и мајката на двете убавици Ана и Јана Стојановски. Буквално беше изненадување веста дека Силвија била замешена во шверц на 700 килограми кокаин кој се пренесувал од Колумбија до Шпанија. Актерката е во домашен притвор, а нејзините ќерки велат дека нивната мајка немала никаква врска со шверцот.

Скандал на годината: Тамара Тодевска и химната


Бура од негодување кај јавноста откако нашата позната пејачка Тамара Тодевска во Американската амбасада во Скопје погрешно го испеа текстот на националната химна. Тамара едноставно беше линчувана поради оваа нејзина грешка и мораше да го напушти Скопје на неколку дена додека да стивнат непријатните реакции.

Успех на годината: Историски пласман на Евровизија

тамара тодевска
Принтскрин

Не смее, а да не се спомене успехот на нашата евровизиска претставничка за 2019 година, Тамара Тодевска. Таа заедно со својот тим во мај во Тел Авив успеаа да ја направат горда целата нација. Тамара водеше се до последниот момент, за на крајот да заврши на седмата позиција. Сепак, Тодевска освои најмногу гласови од жирикомисијата на овој најголем музички избор во светот.

Татко на годината: Тони Зен

Фото: Инстаграм

Годината што измина по убаво ќе ја памети раперот Тони Зен. Неговата сопруга Валентина на свет му донесе машко дете кое по желба на раперот доби специфично име – Јасен.

Концерт на годината: Влатко Лозаноски во ВИП АРЕНА

 

View this post on Instagram

 

Сеуште се присутни импресиите од концертот во Скопје, пред околу 5 месеци (23.03), да ја повториме повторно истата атмофера и позитивна енергија и овој петок во Охрид (02.08) ❤?? . ? 2-ри август ? стадион “Билјанини Извори”, Охрид ? Влезници: ✓ https://www.kupikartizase.com ✓ Цвеќара Розе Веро 2 ✓ Плоштад Охрид ℹ️ Инфо: 075/507-455 или @pragmaproduction . #Tags :#Ilinden #2avgust #stadion #BiljaniniIzvori #Ohrid #Macedonia #Tickets #Lozano #VlatkoLozanoski #ЈакоЈако

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski) on

Ако некој треба да ја памети 2019 година по убави работи, тоа е моментално најголемата музичка ѕвезда во земјава – Влатко Лозаноски Лозано. Тој е еден од ретките од македонската естрада кој успеа да ја наполни најголемата спортска сала кај нас. По овој голем концерт следеа уште десетина други низ речиси сите градови во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот