Павлов и Феревски ќе судат на „Фајнал-фор“ турнирот во БИБЛ лигата

Александар Павлов е дел од судискиот кадар на балканскиот „фајнал-фор“ во Нахарија/Фото: kfsm.mk

Александар Павлов и Алија Феревски ќе ја претставуваат македонската кошарка на завршниот турнир од Балканската лига (БИБЛ), кој оваа сезона ќе се игра во Израел.

Раководството на БИБЛ лигата им оддаде големи признание на двајцата наши арбитри со знакот на ФИБА да бидат во Хахарија.

Од 29 април до 1 мај 2022 година ќе се организира завршниот турнир каде ќе се бара новиот шампион на регионалното балканско натпреварување.

Макар што на финалниот турнир има место за дури три екипи од Израел (Хапоел Галил Елион, Макаби Хаифа и организаторот на овој ивент, Ирони Нахарија), додека последниот полуфиналист доаѓа од Бугарија, тоа е екипата на Балкан од Ботевград.

Освен нашите судиски интернационалци, правдата на овој завршен дел од сезоната во Лигата на Балканот ќе ја делат уште Огњен Јокиќ и Сава Цветковиќ (Црна Гора), двоецот од Грција, Диамантис Лортос и Јоанис Аграфиотис, како и Даут Мехмети од Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот