Паунов: За максимално да го искористиме сонцето, треба домаќинствата и компаниите да поврзат соларна централа на своите кровови (ВИДЕО)

Пиксел Гроуп е е високо технолошка компанија за производство и развој на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули, основана во 2018 година. Таа е прва компанија од овој тип отворена во Македонија со годишен капацитет на производство од 55 MW (мегавати) на монокристални и поликристални соларни модули.

Во втората година од работењето е на водечката позиција, производител број 1 во регионот на монокристални и поликристални фотоволтаични модули со највисок квалитет.

Високиот квалитет на производите се потврдува и преку продажните резултати, при што во текот на минатата година со фотоволтаичните модули на компанијата се инсталирани соларни централи за производство на електрична енергија со моќност над 10 MW.

-Горди сме што голем број реномирани компании нашата земја произведуваат електрична енергија од сонцето со помош на нашите фотоволтаични модули, а можеме да се пофалиме и дека во соседните земји веќе се изградени соларни централи со нашите панели, изјави директорот на Пиксел Гроуп, Горанчо Паунов на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ.

Говорејќи за проблемите кои ги предизвика КОВИД-19, Паунов верува дека сето ова ќе биде за брзо време надминато и навремено ќе се одговори на побарувачката.

-Се уште е рано за проценка, но сигурно дека штети има. Но, верувам дека кога се ова ќе помина, веднаш ќе одговориме и на домашната и на надворешната побарувачка.

Околу условите за работа во државава, Паунов вели дека се направи правилник за обновливи извори за енергија, но со дополнителни услови кои го проблематизираат и комплицираат целиот процес.

-Во однос на законската регулатива се направија промени кои направија позитивен исчекор во оваа област, но факт е дека Правилникот кој што ја регулира оваа проблематика, освен што ги проби сите рокови за негово донесување, не ги преточи во пракса вистинските потреби, туку креираше ограничувања. Доколку сакаме максимално да го искористиме она што најмногу го имаме, а тоа е сонцето, треба да се направат промени во однос на овозможување на домаќинствата и компаниите без ограничувања и административни пречки да направат и да поврзат соларна централа на своите кровови, вели Паунов.

Во компанијата се особено горди што освен што растеле успеале тоа на некаков начин да со направат корисно и за државата, па најсовремената технологија со која располагале ја направиле достапна на голем број средни училишта и универзитети чии ученици и студенти имаат можност своите теориски знаења практично да ги видат во нашата компанија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот