Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе има проекции во Виница и Пекљани

По завршувањето на 12. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“, екипата ги продолжува своите омилени патешествија низ државата во рамките на Патувачкото кино и на 3 и 4 септември ќе има проекции на документарни филмови во Виница и во Пекљани.

Фестивалот „МакеДокс“ се одржа од 19 до 26 август во Скопје, беа прикажани 70 документарни филмови во пет категории, присуствува над 30 гости, а петте жири-комисии, кои беа составени од 15 врвни професионалци од документарниот свет, доделија пет награди и четири специјални признанија. Во рамките на фестивалската програма се одржа и третото издание на МакеКоПроДокс форумот, на кое беше направен пичинг на 11 проекти во фаза на продукција и постпродукција од регионот.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ оваа година го смени својот формат и се одвива во четири викенди во различни месеци од летниот период. Во јуни беше во Кратово (25 јуни) и с. Шлегово (26 јуни), во јули имаше проекции во Штип (2 и 3 јули), Кочани (9 јули) и Оризари (10 јули), додека последните две проекции од годинашното Патувачко кино ќе се одржат во Виница (3 септември) и Пекљани (4 септември).

Патувачкото кино на МакеДокс 2021 е поддржано од Агенцијата за филм на РСМ, Општина Кратово, Општина Кочани, Општина Штип, Општина Виница и Центарот за развој на Источен плански регион.

Сите активности на Патувачкото кино на „МакеДокс“ се одвиваат согласно протоколите за одржување на културни настани во време на пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот