Партизан во драматичен натпревар поразен од Басконија

Фото: EPA-EFE/Adrian Ruiz Hierro

Српски Партизан втора година по ред во драматичен натпревар загуби од Басконија во Виторија.

Партизан прими тројка во последната секунда од основниот дел за продолжение по кое доживеа пораз. Вечерва шпанскиот тим славеше победа со 83:82, а на клупата дебитираше екс-тренерот на Црвена Звезда Душко Ивановиќ.

Во натпреварот Партизан влезе со проблеми со повреди, но на крајот може да се каже дека одигра добар натпревар. Црно-белите во Виторија немаат победа од 2001 година. Имаше Партизан предност од седум поени разлика и во последната четвртина, меѓутоа на крајот ја испушти победата.

По серијата од 7-0, Шпанците отидоа на 80-77, Јарамаз одговори со тројка, Басконија пак поведе со 82-80, а се чинеше дека завршниот удар го изведе Нанели кој на 12 секунди пред крајот постигна кош под фаул и го погоди слободното фрлање за водство на Партизан. Сепак, Басконија во последниот напад доби две слободни фрлање кои ги реализираше Јарамаз и така обезбеди триумф за својата екипа.

Во останатите два натпревари победи забележаа Барселона против Панатинаикос со 80:72 и Виртус против Ефес со 93:81.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот