Партијата на Павле Трајанов ќе ги предложи во Собранието измените за една изборна единица
По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со кој Македонија ќе биде една изборна единица, Демократскиот сојуз ја поддржува оваа определба, велат од партијата на Павле Трајанов.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ваквите измени, како што велат од оваа партија, ќе значат „демократизација на изборниот процес и демонтажа на еднопартискиот систем на владеење“, како и „зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт“.
„Во процесот на носење круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавната контрола на извршната власт. Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број гласачи, а не како до сега во Изборната единица бр. 6 пратеник да се избира со 6.300 гласа, а во Изборната единица бр. 3 со 10 илјади гласови“, велат од ДС.
Демократскиот сојуз, како што најавуваат, следната недела до парламентот ќе го достави предлог-законот за измена на Изборниот законик, кој, како што велат, пратениците можат да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.
Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ја вклучиме и дијаспората, предлага Мицкоски


