Парите за Ноер не се најважни, потпишува нов договор за помала плата
Легендарниот голман на Баерн Минхен, Мануел Ноер, не размислува за пензија и покрај тоа што неодамна го прослави 40. роденден. Искусниот чувар на мрежата според информациите постигнал договор со баварскиот гигант за продолжување на соработката до летото 2027 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што објавија познатиот новинар Фабрицио Романо и германскиот „Скај Спорт“, Ноер и управата на Баерн целосно ги договориле условите за новиот договор. Сепак, за да остане на „Алијанц Арена“, капитенот прифатил значително намалување на платата.
Германецот досега заработуваше околу 20 милиони евра бруто по сезона со бонуси, но сега се согласил на финансиски компромис со цел да му помогне на клубот во растоварување на буџетот.
Официјалната потврда на договорот се очекува најдоцна до сабота, кога Баерн ќе го одигра последниот натпревар во Бундеслигата против Келн. Германските медиуми најавуваат дека продолжувањето на договорот би можело да биде објавено за време на прославата на шампионската титула.
Ноер пристигна во Баерн од Шалке 04 во 2011 година и со близу 600 настапи стана една од најголемите легенди во историјата на клубот. Во меѓувреме, раководството веќе размислува и за иднината, а како наследник се споменува младиот голман Јонас Урбиг.
Тренерот Венсан Компани лично инсистирал на продолжување на договорот, бидејќи Ноер и натаму го смета за еден од клучните лидери на тимот и на теренот и во соблекувалната.
View this post on Instagram


