Парада од модни ѕвезди: Зендеја ја прими наградата за модна икона на „CFDA“
Модата, која очигледно го врти светот, како и секоја година така и за оваа 2021 ги награди оние кои ги раздвижуваат возовите на тренд, дизајн, влијание, инфлуенсирање и моден израз.
Црвениот килим на годишните „CFDA Fashion Awards“, кои важат за најпрестижна модна церемонија, беше подеднакво интригантен како и имињата кои се очекуваше да бидат најавени како добитници на наградите.
„Одлично е, навистина е фино и освежувачки да се видат луѓе дотерани повторно и свечено подготвени и во интеракција едни со други. Се чувствува како да е чувство на заедништво“, изјави ЛаКван Смит.
View this post on Instagram
Зендеја, за која беше најавено дека ќе ја добие престижната награда за Модна Икона се појави заедно со нејзиниот долгогодишен стилист Ло Роуч, носејќи црвен минималистички топ и предимензионирано паф здолниште од Вера Ванг, потврдувајќи ја новоздобиената титула.
„Беше важно да носам американски дизајнер, и сакавме да одиме со некој со кој беќе имаме соработка. Вера е неверојатна“, изјави Зендеја.
View this post on Instagram
И денот кога Дејпер Ден го најави своето отстапување од местото во „Bottega Veneta“ беше сепка отстапен за славење – тој ја доби наградата за доживотно постигнување.
Настанот за оваа 2021 година го водеше Емили Блант, и настанот кој беше освежување да се проследи во живо по дигиталното презентирање во 2020 година се одржа пред публика и екипа од славни личности и презентери.
View this post on Instagram
И додека имињата на некои од почестените ѕвезди беа објавени пред доделувањето на наградите, како титулата за Модна Икона која се додели на Зендаја, наградата за Основач на Аурора Џејмс, Лице на Годината на Анја Тејлор-Џој, сепак имињата кои ќе бидат почестени со најголемите награди беа зачувани за главниот настан.
View this post on Instagram
Наградата за Дизајнер на Женска Облека на Годината ја доби Кристофер Џон Роџерс за истоимениот бренд, а за Машка Облека Емили Адамс Боуд за брендот „Bode“.
Во категориите на интернационални дизајнери, наградата за женска облека ја доби Демна Гвазалија за брендот „Balenciaga“, а за машка Грејс Велс Бонер за „Wales Bonner“.
Се доделиja и награди за Позитивно Социјално Инфлуенсирање која ја доби „Model Alliance“, за Одржливост на Околината која ја доби „Patagonia“, но и за Медиа која беше доделена на Нина Гарсија. Наградата за животно дело ја доби Дејпер Ден.
View this post on Instagram