Пара на пара оди: Најбогатиот Французин, според „Форбс“, стана уште побогат

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Најбогатиот Французин, Бернар Арно, шеф на францускиот концерн за производство на скапоцена стока „Луј Витон Мо Хенеси” (ЛВМХ), минатата недела го зголеми своето богатство за осум милијарди долари, во период на раст на цената на акциите, пишува магазинот „Форбс”.

Со тоа, вкупното богатство на Арно изнесува 122 милијарди долари, но „Форбс” напоменува дека таквите промени на неговото салдо не значат дека состојбата во компанијата се движи кон подобро.

Имено, од модната куќа „Луј Витон“, под чија капа се брендови како Bvlgari, Guerlian и Dom Perignon, соопшти дека намалувањето на добивката изнесува 21 отсто во првите девет месеци од годинава.

Приходот од продажба на козметика, на пијалoци, на накит и во малопродажбата во третото тримесечие бил помал отколку во истиот период минатата година. Меѓутоа, добивката од продажба на кожна галантерија и облека се зголемила 12 отсто, најмногу благодарејќи на силната продажба од модните куќи „Луј Витон“ и „Диор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот