Пар продал сè за да живее на „Малдивите на Европа“, но се појавиле два големи недостатоци
Пар кој продал сè што поседувал за да се пресели во областа позната како „Малдиви на Европа“ забележал два големи недостатоци со своето ново место на живеење.
Препорачано
Сандра и Џеф Мајерник живееле во американската држава Орегон, каде што признале дека се чувствувале исцрпено обидувајќи се да бидат во чекор со растечките трошоци за живот. Затоа пензионираниот пар продал сè што поседувал – своите автомобили, куќа и уметничка колекција – пред да донесат одлука да се преселат во странство во ноември 2023 година, пишува „Експрес“.
Тие патувале или живееле во десетина земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Мексико и Аргентина, но нивната најнова дестинација е Албанија.
Тие моментално живеат во Саранда, која „Нешнал географик“ ја опиша како „Малдиви на Европа“. Албанската ривиера е пофалена по своите бројни бели песочни плажи, археолошки локалитети и живописни села кои повикуваат на истражување.
И покрај прекрасниот пејзаж што ги опкружува и пониските трошоци за живот, Сандра и Џеф забележале два значајни недостатоци на нивниот нов животен стил.
Во разговор за „Бизнис инсајдер“, Џеф призна дека справувањето со новата валута (албанскиот лек) и јазичната бариера биле најголемите пречки за нив како иселеници.
– Тука се справувате со различна валута и различен јазик. Значи, секој пат кога одите во продавница за храна, потребен е малку повеќе напор. Во САД, можев да влезам во „Крогер“ (синџир на супермаркети со речиси 3.000 продавници низ САД), да ги прочитам сите етикети и веднаш да знам што купувам. Тука, еднаш зедов нешто што изгледаше како пакет шунка – но дефинитивно не беше. Токму такви мали работи можат да бидат фрустрирачки – рекол Џеф.
И покрај овие пречки, двојката ужива во придобивките што доаѓаат со нивниот нов животен стил. Џеф вели дека најголемата предност е побавното темпо на живот, бидејќи луѓето тука изгледаат „помалку во брзање и под стрес“.
Сандра, во меѓувреме, вели дека „целиот стрес едноставно испарил“ откако ги напуштиле САД.
Меѓу другите придобивки што ги истакнуваат се заштедите за домување и здравствена заштита, како и поздрава исхрана во споредба со она што го имале во САД. Сепак, тие признаваат дека им е тешко поради оддалеченоста од нивните семејства.


