Папата Лав XIV во Турција/Фото: OZAN KOSE / AFP / Profimedia

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Турција

Папата Лав Четиринаесетти денеска пристига во Турција на првата посета во странство откако е избран за поглавар на Римокатоличката црква.

Тој слета во главниот град Анкара, каде што ќе го разгледа мавзолејот на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, а потоа ќе се сретне со претседателот Реџет Таип Ердоган. Програмата на Светиот Отец вклучува и посета на Сината џамија во Истанбул.

Еден од најочекуваните настани поврзани со неговата посета е светата миса, која ќе се одржи во „Фолксваген Арена“.

Американскиот папа е во посета на Турција, три дена пред да се упати кон Либан, на патување каде што се очекува да упати апел за мир на Блискиот Исток и да повика на единство меѓу долго поделените христијански цркви, објави Ројтерс.

Зборувајќи со новинарите на почетокот од неговиот лет, Папата им рече дека е благодарен оваа година за работата што ја вршат во известувањето за Црквата и првите месеци од неговото папство.

„До Американците тука, среќен Ден на благодарноста“, рече Лав.

„Сакам да почнам со тоа што ќе ви се заблагодарам на секој од вас, за службата што ја нудите… на целиот свет. Денес е толку важно пораката да се пренесе на начин што навистина ја открива вистината и хармонијата што му се потребни на светот“, рече папата.

Папата Лав XIV ја започна својата посета на Турција, со декларирана цел за зајакнување на меѓухристијанскиот дијалог, кој се темели, првенствено, на неговиот братски однос со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Многу аналитичари во Рим нагласуваат дека близината на Ватикан до Вселенската патријаршија е од фундаментално значење, исто така поради огромното растојание што го одделува Светата столица од Православната црква. Лав и Вартоломеј ќе патуваа утре заедно во Никеја, за да ја одбележат седумнаесетстотата годишнина од Првиот Вселенски собор. Постои уште еден елемент, од особено значење. Папата, во своето Апостолско писмо In Unitate Fidei (Во единството на верата), кое го потпиша непосредно пред да го напушти Рим, нагласува дека заедничката молитва „Верувам“ – која добила официјална форма токму во Никеја – „ги обединува сите христијани и нуди надеж во тешките времиња во кои живееме“. Потег, со кој Папата во суштина покажува дека не треба да има апсолутни и непремостливи пречки на патот кон единството. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот