Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

„Насилството раѓа насилство, запрете ги конфликтите”, рече Папата, обраќајќи се на аџиите кои се собраа на плоштадот „Свети Петар” во Рим.

Папата Франциск денеска повика на прекин на насилството во Ерусалим, повикувајќи ги двете страни да бараат решенија за почитување на мултикултурниот идентитет на светиот град.

„Насилството раѓа насилство, запрете ги конфликтите”, рече Папата, обраќајќи се на аџиите кои се собраа на плоштадот „Свети Петар” во Рим.

Израелската полиција се судри со Палестинците синоќа пред стариот град во Ерусалим, а претходно спречи автобуси со муслимански верници кои се движеа кон тој град.

Судирите избувнаа пред џамијата Ал Акса, каде што се собраа околу 90.000 Палестинци, а во источен Ерусалим полицијата употреби шок-бомби.

Според палестинскиот Црвен крст, најмалку 53 лица се повредени, а израелската полиција наведува дека е повреден и еден полицаец. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот