Папата Франциск ја заврши историската посета на Ирак

epa09059921 Pope Francis holds mass at the Erbil Stadium, Erbil, Kurdistan Region of Iraq, 07 March 2021. Pope Francis began on 05 March a three-day official visit in Iraq, the first papal visit to this country affected throughout the years by war, insecurity and lately COVID-19 Coronavirus pandemic. EPA-EFE/Gailan Haji

Папата Франциск денеска ја заврши својата историска посета на Ирак и се враќа во Рим, јавија агенциите.

Поглаварот на Римокатоличката црква, вчера попладне, под силно обезбедување, одржа миса пред илјадници верници во градот на Ербил, во Курдистан.

Франциск (84) на мисата беше превезен со неговото специјално блиндирано возило, „папамобил”, додека верниците беа на тревникот и на трибините на стадионот, на доволна одалеченост поради епидемиолошките мерки. По патувањата со авион, хеликоптер и блиндиран автомобил, папата вчера беше најблиску до верниците.

За време на неговата тридневна посета на Ирак, папата Франциск во древниот град Наџаф разговараше со еден од највисоките шиитски духовни лидери во Ирак, ајатолахот Али ал-Систани, а го посети и древниот град Ур, родниот град на пророкот Аврам, родоначалникот на јудеизмот.

Пред посетата, папата рече дека оди на аџилак на мирот, по повеќе години војна и тероризам.

Тој инсистираше да го реализира ова патување и покрај зголемувањето на бројот на случаи со коронаворус во Ирак и особено поради згариженоста за неговата безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот