Папата Франциск: Абортусот е убиство, а Црквата не дозволува истополови бракови

Папата Франциск, на последниот ден од посетата на Словачка, го осуди абортусот како убиство и ја отфрли можноста Католичката црква да дозволи истополови бракови.

За време на четиридневната посета на Словачка и Унгарија тој се сретна со властите и се запозна со помалку познатите проекти кои се однесуваат за помош на сиромашните.

Последното место што го посети во Словачка беше градот Шаштин-Страже на запад од земјата, каде што присуствуваа околу 60.000 луѓе.

Папата ја повика Католичката црква во Словачка да посвети повеќе внимание на своите верници отколку на сопствените проблеми. Тој, исто така, повика на поголема отвореност и заедништво во Европа.

Новинарите му поставија бројни прашања на Папата за време на патувањето кон Ватикан, при што тој го повтори својот став за абортусот и истополовите бракови.

– Абортусот е повеќе од проблем. Тоа е убиство, рече папата Франциск.

Во однос на истополовите бракови тој рече дека е важно да им се помогне на луѓето со друга сексуална ориентација, но без наметнување работи на Црквата што не функционираат таму.

– Бракот е света тајна и Црквата нема овластување да ја промени. Ако двајца од ист пол сакаат да го поминат животот заедно, владите можат да го поддржат тоа со граѓански церемонии. Но, бракот е брак, порача Папата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот