Пановски: МВР и ОЈО требаше порано да влезат на Онкологија

Никола Пановски
Д-р Никола Пановски. / Фото: Архива на Слободен печат

МВР и ОЈО требаше порано да влезат на Клиниката за Онкологија бидејќи подолг период има информации за злоупотреби за кои известуваа и дел од медиумите, изјави за „Канал 5“ доктор Никола Пановски. Тој додаде дека овој скандал му нанесе голема штета на македонското здравство.

Има елементи кои укажуваат дека повеќе лица биле вмешани во скандалот. Тоа не би било возможно без знаење на надлежните на клиниката, финансии и сметководство, рече доктор Пановски додавајќи дека партизацијата во здравството е главен виновник за лошата состојба.

-Потребен е целосен ремонт и департизација, но притоа мора да се има предвид дека тоа нема да биде возможно без жртви, рече Пановски прашан за можноста да се поправи лошата состојба во македонското здравство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот