Паника во Дортмунд, се подготвува егзодус на фудбалерите

epa08975457 Dortmund's players celebrate the 3-1 own goal by Augsburg's Felix Uduokhai (not in the picture) during the German Bundesliga soccer match between Borussia Dortmund and FC Augsburg in Dortmund, Germany, 30 January 2021. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Пандемијата на коронавирусот ја донесе во „црвено“ касата на германскиот тим.

Екипата на Борусија Дортмунд пред почетокот на оваа сезона важеше за сериозен конкурент кој може да го предизвика Баерн Минхен за титулата во Бундеслигата, но прикажаните игра се далеку од очекувањата.

„Милионерите“ во досегашните 20. кола доживеаја дури осум порази, од кои три дојдоа во последните четири кола. Со таков учинок, Борусија се наоѓа на разочарувачкото шесто место на табелата со што уште сега ги загуби шансите за титулата, бидејќи лидерот Баерн им бега 16 бода.

И додека пандемијата на коронавирусот им донесе големи финансиски проблеми, доколку не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите, „милионерите“ дополнително ќе ја влошат финансиската состојба и ќе бидат приморани да го направат најнепосакуваниот чекор – масовна продажба на фудбалерите.

Според германските медиуми, доколку не се пласира во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд ќе остане без осум фудбалери, а меѓу нив се најголемите ѕвезди и најбараните играчи на трансфер пазарот, Ерлинг Халанд и Џејдон Санчо. И двајцата фудбалери се на мета на најголемите екипи, Халанд е на радарот на речиси сите европски гиганти, додека Санчо најверојатно на лето ќе се врати во Премиер лигата каде најзагреан за него е Манчестер јунајтед.

Освен двоецот Халанд-Санчо, на лето може да си замине и младиот Џад Белингем кој минатото лето пристигна во Дортмунд од Бирмингем за 25 милиони фунти.

Останатите фудбалери кои се на излезни врати од „Сигнал Идуна парк“ се, Аксел Витсел, Мануел Аканџи, Рафаел Гереро, Џовани Рејна и Махмуд Дауд и за сите нив постои сериозен интерес.
Доколку ги продаде сите играчи, се очекува Борусија Дортмунд да заработи повеќе од 300 милиони евра со кои ќе успее да ја преброди финанската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот