Пандев, Ибраими и Новески ќе го изберат наследникот на Милевски
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, соопшти дека денеска се одржал конструктивен состанок на Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, по разделбата со досегашниот селектор Благоја Милевски.
Препорачано
„Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок. Споделивме размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна идеја и континуитет во најдобрата селекција. Предлогот ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 декември“, напиша Омерагиќ на социјалните мрежи.
Комисијата ја сочинуваат фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески, кои заедно ќе го предложат најсоодветното решение.
Како најсериозни кандидати за кормилото на националниот тим се споменуваат Гоце Седлоски и Игор Ангеловски. Новиот селектор се очекува да биде познат пред крајот на годинава.
Преземено од: Sport.com.mk
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


