Пандемијата им пресуди на Златните глобуси: Прогласени победниците без гламур на црвениот тепих и без публика

Златни глобуси 2022 / Фото: EPA-EFE/Emma McIntyre /

Златните глобуси синоќа се одржаа без публика, црвен тепих и пренос на „Ен-Би-Си“.

Холивудската асоцијација за странски печат, која ги организира Златните глобуси, минатата година беше искритикувана поради тоа што немаше афроамерикански членови во организацијата и дека „Парамоунт Нетворк“, студиото одговорно за серијата „Емили во Париз“, си платиле за номинација на серијата.

По бојкотот во Холивуд, „Ен-Би-Си“ одлучи повеќе да не ги емитува Златните глобуси, Том Круз ги врати трите статуетки, а синоќа 79-тото доделување на наградите се одржа без црвен тепих, без публика и без новинари.

И покрај сите контроверзии, многу филмови и серии повторно се закитија со престижната награда Златен глобус, а во јавноста кружат шпекулации дека настанот не бил во полн сјај поради ситуацијата со коронавирусот.

Наградата за најдобар филм во категоријата драма му припадна на филмот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog), а филмот „Приказната од западната страна“ (West Side Story) беше прогласен за најдобар филм во категоријата мјузикл или комедија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes)

Ова се другите победници од најголемите категории:

Најдобар филм – драма

  • „Белфаст“ (Belfast)
  • „Кода“ (Coda)
  • „Дина“ (Dune)
  • „Кралот Ричард“ (King Richard)
  • „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)

Најдобар филм – мјузикл или комедија

  • „Сирано“ (Cyrano)
  • „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up)
  • „Ликориш Пица“ (Licorice Pizza)
  • „Тик, тик… бум!“ (Tick, Tick… Boom!)
  • „Приказна од западната страна“ (West Side Story)

Најдобра актерка во филм – драма

  • Џесика Честајн – „Очите на Теми Феј“ (The Eyes of Tammy Faye)
  • Оливија Колман – „Изгубената ќерка“ (The Lost Daughter)
  • Лејди Гага – „Куќата на Гучи“ (House of Gucci)
  • Кристин Стјуарт – „Спенсер“ (Spencer)
  • Никол Кидман – „Да се биде Рикардос“ (Being the Ricardos)

Најдобар актер во филм – драма

  • Махершала Али – „Песната на лебедот“ (Swan Song)
  • Хавиер Бардем – „Да се биде Рикардос“ (Being the Ricardos)
  • Бенедикт Камбербеч – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)
  • Дензел Вашингтон – „Трагедијата на Макбет“ (The Tragedy of Macbeth)
  • Вил Смит – „Кралот Ричард“ (King Richard)

Најдобра актерка во филм – мјузикл или комедија

  • Марион Котијар – „Анет“ (Anette)
  • Алана Хаим – „Пица од сладок корен“ (Licorice Pizza)
  • Џенифер Лоренс – „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up)
  • Ема Стоун – „Круела“ (Cruella)
  • Рејчел Зеглер – „Приказната од западната страна“ (West Side Story)

Најдобар актер во филм – мјузикл или комедија

  • Леонардо Дикаприо – „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up)
  • Питер Динклиџ – „Сирано“ (Cyrano)
  • Купер Хофман – „Пица од сладок корен“ (Licorice Pizza)
  • Ентони Рамон – „Во височините“ (In the Heights)
  • Ендрју Гарфилд – „Тик, тик… Бум!“ (Tick, Tick… Boom!)

Најдобра споредна актерка

  • Катрина Балф – „Белфаст“ (Belfast)
  • Кирстен Данст – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)
  • Ауњунан Елис – „Кралот Ричард“ (King Richard)
  • Рут Нега – „Премин“ (Passing)
  • Аријана Дебос – „Приказната за западанта страна“ (West Side Story) 

Најдобар спореден актер

  • Бен Афлек – „Тендер Бар“ (The Tender Bar)
  • Џејми Дорнан – „Белфаст“ (Belfast)
  • Киран Хајндс – „Белфаст“ (Belfast)
  • Трој Коцур – „Кода“ (Coda)
  • Коди Смит-Мекфи – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)

Најдобaр режисер

  • Кенет Брана – „Белфаст“ (Belfast)
  • Меги Гиленхал – „Изгубената ќерка“ (The Lost Daughter)
  • Стивен Спилберг – „Приказната од западната страна“ (West Side Story)
  • Денис Вилнев – „Дина“ (Dune)
  • Џејн Кемпион – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)

Најдобро сценарио

  • Пол Томас Андерсон – „Пица од сладок корен“ (Licorice Pizza)
  • Џејн Кемпион – „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog)
  • Адам Мекеј – „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up)
  • Арон Соркин – „Да се биде Рикардос“ (Being the Ricardos)
  • Кенет Брана – „Белфаст“ (Belfast)

Најдобар анимиран филм

  • „Бегство“ (Flee)
  • „Лука“ (Luca)
  • „Мојата сончева Мaад“ (My Sunny Maad)
  • „Раја и последниот змеј“ (Raya and the Last Dragon)
  • „Шарм“ (Encanto)

Останатите добитници можете да ги видите овде.

 

Видео на денот