Осомничениот Љупчо Палевски - Палчо со убиените Вања и Панче / Фото Колаж на СП / Социјални мрежи

Палевски бара слобода или пак да го судат

Адвокатот на Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, поднел жалба до Апелациониот суд за неговиот клиент кој беше осуден на доживотна казна затвор за грабнување и две свирепи убиства. Адвокатот Страшевски бара Палевски да биде ослободен од вина или предметот пак да се суди на јавна седница, објави „Скопје 1“.

Адвокатот како што наведува порталот, се жали на процесни и суштествени повреди во постапката а доказите врз основа на кои Палевски беше осуден на доживотен затвор ги нарекува „расказ со значајни несогласувања“.

Судија-известител за предметот во скопска Апелација е Ѓоко Ристов, а предметот веќе е доставен на мислење до Вишо јавно обвинителство Скопје.

Во првостепената пресуда, судијата Ивица Стефановски на Палевски и на останатите обвинети – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев – им изрече по 10 години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и доживотна казна затвор за двете свирепи убиства.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, беше ослободен за помагање, но Обвинителството ја обжали пресудата и за Ѓорчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот