Палчо ми ја даде изјавата, ја доставив до судот од страв, рече Кешишев

Обвинетиот Влатко Кешишев рече дека изјавата која ја предаде до судот во која тврди дека Палчо не бил на местото на убиството му ја дал првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

– Ми беше дадено ливче да го препишам со мој ракопис и да го дадам до судот. Ја дадов од страв – рече Кешишев.

Палчо му ја дал за време на транспортот од затвор.

Минатата недела, Кешишев кој според обвинението ги откри местата на коишто се закопани жртвите достави изјава до судот со која го менува тврдењето дека првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо пукал кон жртвите.

Оваа изјава Кешишев ја достави до судијата кој го води случајот, Ивица Стефановски, а тој ја достави оваа изјава до странките во постапката.

Тој во неговата изјава тврди дека дента на 22 и 27 ноември кога беа убиени Вања и Панче, Палчо не бил со нив, туку спиел во штабот на спрат во неговата соба.

Кешишев со нова изјава до судот го „амнестира“ Палчо, нo не кажува кој пукал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот