Пакистанци среде улица запалиле маж поради богохулење

Пакистан/ Фото: МИА

Толпа во Пакистан денеска претепала и убила вработен во фабрика по потекло од Шри Ланка. Полицијата соопшти дека насилството било предизвикано од обвинение за богохулење.

Пакистанската полиција соопшти дека жртвата работела како менаџер во фабрика во градот Сиалкот, каде што се случило убиството.

Осквернавени плакати со името на пророкот Мухамед?

Армаган Гондал, шеф на полициската станица во Сиалкот, рече дека инцидентот се случил откако некои работници во фабриката тврделе дека човекот „не ги почитувал плакатите“ со името на пророкот Мухамед, пишува Ројтерс.

Но, другите полицајци не ја потврдија приказната и рекоа дека инспекторите сè уште собираат информации за причините за инцидентот.

„Никој не треба да го земе законот во свои раце“

Само обвиненијата за богохулење често се доволни за да доведат до насилство во Пакистан.

Премиерот на Пенџаб Усман Буздар рече дека „никој не треба да го земе законот во свои раце“.

„Крајно сум шокиран од ужасниот инцидент во Сиалкот. Бидете уверени, нема да ги поштедиме учесниците во овој нехуман чин! напиша Буздар на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот