Паднал таван во градинката „Мајски цвет“, нема повредени

Паднат таван во градинка „Мајски цвет“/ Фото Фејсбук Антонио Милошоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека за време на викендот паднал таван во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2.

„Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет“ (Карпош, Тафталиџе 2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има“, напиша Антонио Милошоски на Фејсбук.

Милошоски потсети дека имало дури пет активности при увидот во градбата и отворањето на оваа градинка.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска ќе оди на увид во градинката.

Во текот на денот се очекува да биде објавено соопштение со објаснување за причините поради што паднал таванот.

Покривот на градинката „Мајски цвет“ попуштил од дождот, олуците не биле исчистени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот