Паднаа акциите на Твитер по трајното блокирање на профилот на Трамп

Фото: Профимедиа

 Вредноста на акциите на Твитер падна за повеќе од два проценти на Њујоршката берза веднаш по одлуката за трајно суспендирање на профилот на Доналд Трамп поради ризик од „понатамошно поттикнување на насилство”.

Вредноста на акциите на таа компанија остана на скоро 50,2 американски долари, но нивната вредност падна за 2,4 проценти.

Минатата среда, по опсадата на американскиот конгрес од приврзаниците на Трамп, Твитер привремено ја блокираше сметката на Трамп, која има повеќе од 88 милиони следбеници, и најави трајно суспендирање доколку претседателот продолжи да ги крши правилата на оваа социјална мрежа.

Откако беше суспендиран профилот на Твитер за претседателската кампања на Трамп и компанијата ги блокираше новите соопштенија на американскиот претседател на неговата официјална претседателска сметка POTUS, на крајот, неговата привате налог беше трајно укинат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот