Падна златото, денес грам се продава за 125 евра

Падна златото на светските берзи. Цената за унца денес се движи околу 3.891 евра (31,1 г) или грам се продава за 125 евра. На американскиот пазар, спот цената на златото изнесува околу 4.580 долари за унца, додека аналитичарите предупредуваат дека нестабилноста на финансиските пазари, инфлациските стравувања и геополитичките тензии и понатаму силно влијаат врз движењето на благородните метали.

Аналитичарите оценуваат дека побарувачката за злато останува силна поради неизвесностите на глобалните финансиски пазари, инфлаторните притисоци и зголемените геополитички тензии. Инвеститорите традиционално го сметаат златото за „сигурно засолниште“ во периоди на економска нестабилност.

Државите купуваат злато

Експертите очекуваат дека движењето на цената во наредниот период ќе зависи од политиката на централните банки, инфлацијата и состојбите на финансиските пазари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот