Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Падна нов рекорд во НБА: Букер потпиша нов договор и го прескокна Гилџес-Александер

Ѕвездата на Феникс Санс, Девин Букер, официјално стави потпис на нов договор со клубот, со што ќе остане дел од екипата најмалку уште две сезони, објавија сите релевантни спортски медиуми во САД.

Она што привлекува најголемо внимание е финансискиот аспект, договорот вреди неверојатни 150 милиони долари, што значи дека Букер ќе заработува по 75 милиони долари годишно!

Со оваа бројка, бекот на Феникс постави нов рекорд во НБА, надминувајќи ја понудата што неодамна ја прифати Шеј Гилџес-Александер од Оклахома сити тандер, кој се согласи на годишна плата од 71,3 милиони долари.

Букер, кој во дресот на Санс игра од 2015 година, ќе продолжи да го предводи тимот и во наредниот период, а новиот договор ја потврдува неговата клучна улога во плановите на франшизата за иднината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот