Пад на бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година е за 2,4 отсто помал во споредба со истиот месец од 2018 година, а на годишно ниво е помал за 1,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пад од 1,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 2,6 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пoраст од 0,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај Капитални производи за 2,6 отсто,  а опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,4  проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 процента, додека кај Енергија бројот на работници останал на истото ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот