Пачовски нов тренер на голманите во македонската А репрезентација

Томе Пачовски запиша 46 настапи за македонската А репрезентација/Фото: ФФМ

Томе Пачовски, поранешниот капитен на македонската А репрезентација е нов член во стручниот штаб на најдобрата наша селекција.

Поранешниот голман во домашните Пелистер, Брегалница Делчево, Работнички, Вардар, интернационалец во Јоникос (Грција) и белгиските Бершот и Мехелен ќе биде вклучен во стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски како тренер на голманите во А репрезентацијата на Македонија.

– За мене е голема чест што добивам можност да работам во националниот тим на Македонија. Со многу радост му се приклучувам на тимот предводен од селекторот Милевски. Верувам во оваа екипа и се надевам дека ќе помогнам. Имаме потенцијал, квалитетни фудбалери, селектор кој е студиозен, ништо не остава на случајност, работи според планирана програма и сака модерен фудбал.

Ги познавам фудбалерите во тимот, имаме квалитетни голмани и ќе се обидам да помогнам да бидат подобри и постојани во настапите. Заеднички ќе се трудиме да ја задржиме и надградиме позивната атмосфера во составот. Нѐ очекуваат големи предизвици во следниот периот, но секој вистински спортист се радува на тоа – вели Пачовски.

Пачовски имаше 46 настапи за нашиот национален тим. За македонската репрезентација дебитираше 2006 година на пријателскиот натпревар против Турција, а последниот настап во дресот на Македонија го имаше против Украина 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот