Ози Озборн имал тумор на ‘рбетниот столб: Не ми остана уште многу од животот

ози озборн
Ози Озборн / Фото: EPA-EFE/PAUL BUCK

Англискиот пејач Ози Озборн (74) проговори за своето влошено здравје и откри дека мисли дека му преостануваат уште „десет години“.

Во своето последно интервју за британското издание на „Ролинг стоун“, 74-годишниот рокер зборува за своето здравје, откако во февруари годинава објави дека се повлекува од концертните настапи поради проблеми со ‘рбетот, кој го повреди пред четири години. Оттогаш, Озборн имаше четири операции, од кои последната, како што рече, „практично го остави инвалид“.

„Тоа навистина ме погоди. Втората операција тргна ужасно погрешно. Мислев дека ќе бидам подготвен и за третата, но на последната ми ставија е*ана прачка во ‘рбетот. Најдоа тумор на еден пршлен, па и тоа мораа да го извадат. Тоа беше доста тешко и мојата рамнотежа е целосно нарушена“, рече Озборн.

Озборн доживеа пад во 2019 година, при што му се откачија металните шипки што му беа ставени во телото по тешката несреќа со квадрицикал во 2003 година. Истата година, на музичарот му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, невродегенеративна болест која ги напаѓа моторните функции на заболениот, говорот и други функции.

Озборн ја сподели веста со јавноста во интервју за „Добро утро Америка“ („Good Morning America“) во јануари 2020 година, каде што рече дека му била дијагностицирана оваа состојба во февруари 2019 година.

Сепак, тој рече дека „требало да биде мртов многу пред“ повеќето негови покојни пријатели поради неговата претходна употреба на алкохол и дрога.

„Зошто јас сум последниот човек што стои? Не разбирам ништо од тоа. Понекогаш се гледам во огледало и велам: ‘Зошто, по ѓаволите, успеа?’ Не се фалам за ништо од тоа затоа што требаше да бидам мртов илјада пати“, рекол тој.

Тој додаде дека неговата сопруга Шерон Озборн, со која е во брак 41 година, не ја одобрува неговата рекреативна употреба на марихуана.

„Ѝ реков на Шерон дека пушам џоинт неодамна и таа ми рече: ‘Што правиш! Тоа ќе те убие!’. Јас ѝ одговорив: ‘До кога сакаш да живеам?!’“, продолжи тој.

„Во најдобар случај, ми останаа уште десет години, а кога ќе станеш постар – времето забрзува“, рече Озборн, додавајќи дека се надева дека ќе настапи повторно бидејќи немал „прилика да се збогува или да се заблагодари“ на своите обожаватели откако го објави откажувањето на неговата проштална турнеја во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот