Овој калкулатор ќе пресмета колку треба да вежбате за да ги потрошите внесените калории!

Би порачале пица ако знаевте дека треба да направите неверојатни 1376 „бурпис“ за да ги согорите калориите што ги внесувате откако ќе изедете само четири парчиња? Како би се чувствувале ако сте знаеле дека само една чаша Просеко значи дека треба да возите велосипед околу три километри и направите 247 чучњеви за да ги потрошите калориите?

Конечно се појави калкулаторот што ја открива вистината и одговара на прашањето – колку треба да вежбам во зависност од тоа што јадев?

Бесплатната алатка наречена WorkOffYourDinner бара од корисниците да ја забележат храната или пијалокот што го консумирале претходната ноќ. Врз основа на ова, таа открива колку калории сте зеле во организмот и какви вежби треба да направите за да ги согорите. Вклучува вежби како што се возење велосипед, веслање, трчање, одење, споменатите бурпи или чучњеви и јасно покажува колку километри треба да покриете или колку повторувања да направите.

На пример, ако сте се почастиле со чипс, ќе треба да одите скоро 10 километри за да ги согорите калориите што сте ги внеле.

Енди Бар, кој е дел од тимот кој стои зад оваа интересна алатка, вели дека сето тоа започнало како забавен проект и сега станало дел од искуството за будење кое се вклопува во напорите на експертите да ја подигнат свеста за проблемот со дебелината во јавноста.

Сепак, тие посочуваат дека корисниците на оваа алатка треба да се консултираат со лекар пред да започнат било каква програма за вежбање или драматично да ја променат нивната диета, според The ​​Sun.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот