Овој град беше тешко погоден од епидемијата на коронавирусот, а сега жителите стекнаа колективен имунитет

Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Жителите на бразилскиот град Манаус, кој беше тешко погоден од епидемијата на коронавирусот, можеби стекнале колективен имунитет по зголемениот број на инфекции, покажуваат прелиминарните резултати од нова студија.

Според резултатите објавени на сајтот „Медрксив“, 66 отсто од популацијата има антитела против коронавирусот, пренесува АП.

Епидемијата на коронавирусот во Манаус беше брза и брутална, но авторите на студијата, меѓу кои се и 34 бразилски и странски истражувачи, сметаат дека е достигната границата на колективниот имунитет и дека вирусот веќе не може лесно да се шири.

– Сите знаци укажуваат на фактот дека толкава изложеност на вирусот донесе до намален број на нови случаи и жртви во Манаус, изјавила координаторката на студијата, професорката по медицина Естер Сабино од Универзитетот во Сао Паоло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот