Овие 3 работи никогаш не им ги подарувајте на драгите лица бидејќи се верува дека носат несреќа (ФОТО)

Дали некогаш сте слушнале за ова народно верување? Постојат оние кои веруваат, оние кои не веруваат и оние кои не сакаат да ризикуваат. Според народните верувања, постојат предмети кои никогаш не треба да се подаруваат, бидејќи носат несреќа.

А кој сака да се соочи со трагедија или несреќа само поради еден неважен подарок?

Овие три предмети никогаш не ги подарувајте на драгите и блиски луѓе…

Бисери

Со оглед на нивниот облик и боја, бисерите сами по себе потсетуваат на солзи. Кога на некој ќе му подарите ланче со бисери, се верува дека со тоа му носите тага и болка во животот. Особено е важно да не ги давате бисерите на идни младенци. Според старите верувања тоа може да доведе до несреќен брак.

Платнени марамчиња

Бидејќи се користат во тажните моменти од нашиот живот, не треба да ги подарувате. Како и кај бисерите, така и овој подарок носи солзи и тага.

Брош

Третиот предмет кој никогаш не треба да го подарувате е брошот. Секој брош има остра игла. Можеби не алудира на солзи, како марамиците и бисерите, но симболично „и носи болка“ на личноста која го добила.

Се верува дека доколку примателот ги посакува, тогаш ние овие предмети можеме да му ги подариме. Само е потребно да му побараме некаква банкнота за возврат. Се верува дека доколку примателот „плати“ за подарокот со тоа може да се избегне несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот