Оваа жена го практикува секој ден: Ритуал кој носи мир, благосостојба и среќа во домот!

профимедиа

Ловоровиот лист има уникатно магични својства, го користат видари кои лекуваат разни болести и несреќи. Некои луѓе дури сметаат дека со помош на ловоровиот лист можат да си ги остварат најголемите желби.

Се верува дека огнот од ловоровиот лист го исфрла злото од домот, откако мирисот ќе се прошири по сите агли од домот. И нашите предци ги чаделе со дим од ловоров лист своите домови. Постојат повеќе приказни според кои болните оздравеле и се подигнале од постела кога го вдишале димот од ловоров лист.

Лековитите својства на овој дим се моќни, па така тој ги убива вирусите и микробите во воздухот.

Мирисот на ловоров лист поволно влијае на целокупната атмосфера во домот. Ни помага да се релаксираме, да се наполниме со витална енергија и да стекнеме сила за напорниот работен ден.

Овој мирис и откако листот ќе изгори, ги уништува повеќето штетни микроби во собата, а во домот, освен мирисот на ловоров лист, нема да се чувствува ниту еден друг мирис.

Препорака е секој ден да се запали по еден ловоров лист бидејќи тој дим го елиминира лошиот мирис, влагата, мувлата и болестите од домот. Исто така, носи среќа и благосостојба за домашните. Го намалува и стресот и анксиозните состојби, поради согорувањето на ароматичните масла кои ги содржи ловоровиот лист, а кои делуваат релаксирачки.

Доколку сакате мир и благосостојба во домот, доволно е да наредите неколку листови од ловор во дневната и спалната соба и да го почувствувате неговиот чудесен мирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот