Оваа боја на фустан е измислена за русокоси! (ФОТО)

Доколку сакате да блеснете на некое случување, водете се според примерот на Шарлиз Терон.

Шарлиз Терон важи за дама со многу стил, а тоа го покажа и овој пат. На доделувањето на BAFTA наградите се појави во виолетов фустан кој одзема здив.

Profimedia

Таа знае што ѝ стои добро, па се држи до тоа и никогаш не експериментира премногу. Гламурот е збор кој најблиску би го опишал нејзиниот стил на црвениот тепих.

Долгиот фустан со длабоко деколте кое го избрала за оваа прилика, одлично ѝ прилега на актерката.

Profimedia
Тенкиот ремен на струкот дополнително ја истакнал нејзината фигура и направил да изгледа како песочен часовник, а оваа нијанса на виолетова е буквално направена за русокоси. Доколку сакате да блеснете на некое случување, водете се според нејзиниот пример.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот