Фото: pexels-alittleimagery

Ова се најдобрите плажи во Европа за одмор со деца

Ибица, Мајорка, Тенерифе и други атрактивни дестинации се на втор план кога ќе пристигнат децата, бидејќи приоритетите се менуваат. Кои плажи во Европа се погодни за одмор со деца и што ги прави идеални?

Стравот од патување со мали деца е присутен кај голем број родители, особено кај оние кои првпат во животот се во оваа улога. Дали водата во морето е доволно топла? Дали плажата е погодна за играње? Каков е влезот во водата? Има бесконечен број прашања, а со секое ново притисокот се зголемува.

Палеокастрица, Грција

Палеокастрица е една од најпопуларните плажи на Крф, поделена во 6 различни зони – од камчиња до оние со најситен песок. Водата на оваа плажа е исклучително чиста и прилично топла, а спуштањето во неа е постепено. Плажата е опкружена со борови шуми и насади со маслинки, кои не само што обезбедуваат заштита од сонцето, туку и идеален поглед.

Палеокастрица, Грција – Фото: flickr/Helen Parker

Агиос Георгиос, Грција

Плажата Агиос Георгиос се наоѓа на грчкиот остров Наксос и се смета за рај за семејства со мали деца. Северниот дел од плажата е заштитен од ветрот со околните ртови, благодарение на кои водата во морето е мирна и прилично плитка. Овде можат да уживаат и постарите деца, бидејќи можете да сурфате на јужниот дел од плажата.

Агиос Георгиос, Грција – Фото: flickr/ Mediachaos

Свети Константин и Елена, Бугарија

Сместена помеѓу живописната Варна и Златните Песоци, плажата Свети Константин и Елена е совршена дестинација за оние кои бараат мир. Благодарение на ситниот песок и кристално чистото, исклучително мирно море, оваа плажа е како магнет за семејства со деца, пренесува „Б92“.

Свети Константин и Елена, Бугарија – Фото: Wikimedia Commons

Коралниот залив, Кипар

Волшебниот Корален залив е вистински скапоцен камен меѓу кипарските плажи. Позната по кадифениот песок и топлата мирна вода, оваа плажа ги повикува сите оние кои одат на одмор со малечките. Спасувачите на оваа плажа постојано ги следат гостите, што на родителите со мали деца може да им даде дополнително чувство на сигурност.

Коралниот залив, Кипар – Фото: Wikimedia Commons

Ривазура, Италија

Сместена во северниот дел на Римини, плажата Ривазура нуди исклучителни услови за релаксација и безгрижен одмор со деца. Широка е околу 100 метри, што е сосема доволно за забавни активности на песокот, а спуштањето во водата е многу благо, па родителите нема да мораат да се грижат доколку малите си играат во плиткото – првата поголема длабочина е неколку десетина метри подалеку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот