Ова се 25-те најдобри нудистички плажи во светот: На листата се најде и една од Хрватска
Нудистичките плажи низ целиот свет стануваат сè попопуларни за храбрите авантуристи кои не се двоумат да се опуштат и да ги остават своите тела да се сончаат во топлите зраци на сонцето.
Препорачано
Си-ен-ен состави листа од 25-те најдобрите нудистички плажи во светот, вклучувајќи една во Хрватска.

Најпознатата нудистичка плажа во светот е Плаја Натуриста Чивава во Уругвај која се наоѓа на околу дваесет минути возење од популарното луксузно одморалиште Пунта дел Есте. По децении луѓе кои бегале и пливале голи таму, плажата конечно добила легален статус на нудистичка плажа во 2000 година.

Фотогеничните дини и температурите на водата што достигнуваат 25 Целзиусови степени и повисоки дури и во зимата на јужната хемисфера додаваат на привлечноста на оваа плажа.
Близу врвот на листата за најдобри нудистички плажи е плажата Нугал. Се наоѓа на Макарската ривиера помеѓу Макарска и Тучепи. До плажата се стигнува само пеш преку карпеста патека.

„Оградена од стрмни карпи и засенчена од борови дрвја, до оваа оддалечена плажа се стигнува по тесна патека која се чини дека е создадена за кози, а не за луѓе кои бараат бегство без облека на Јадранското Море. Задолжително понесете дебел пешкир или дури и стол за плажа, бидејќи, како и многу хрватски плажи, површината е каменеста, а не песочна“, пишува Си-ен-ен.
Ова е целата листа на најдобрите нудистички плажи:
– Плаја Натуриста Чивава, Уругвај
– Плажа Нида Нуд, Литванија
– Ориентал бич вилиџ, покраина Фанг Нга, Тајланд
– Плажа Агеста, Шведска
– Литл Палм Бич, Ваихеке, Нов Зеланд
– Плажа Нугал, Хрватска
– Плажа Мошуп, Мартас Вињард, Масачусетс
– Плажа Лејди Беј, Сиднеј, Австралија
– Стадланд Беј, Дорсет, Англија
– Плажа Врек, Ванкувер, Канада
– Буне 16, Силт, Германија
– Плажа Блекс, Ла Хоја, Калифорнија
– Црвена плажа, Крит, Грција
– Плажа Калантсуг, Холандија
– Анс де Гранде Салин, Сент Бартелеми
– Плаја де Кавалет, Ибица, Шпанија
– Плажа Кап д’Агд, Франција
– Плажа Ис Бенас, Сардинија, Италија
– Плажа Мпенџати, Квазулу-Натал, Јужна Африка
– Плаја де Маспаломас, Гран Канарија, Канарски Острови
– Плаја Зиполите, Оахака, Мексико
– Мецоке Драгот, Израел
– Праја Масарандупио, Баија, Бразил
– Плажа Вецаки, Рига, Латвија
– Хауловер бич парк, Мајами, Флорида


