Кое е најздравото масло за пржење? Не е ни кокосовото, ни маслиновото

Фото: Marco Verch / Flickr

Маслото од авокадо стана популарно во последниве години откако во масовна употреба го воведоа луѓето кои практикуваат Маслото од авокадо неодамна стана популарно бидејќи повеќе луѓе дознаваат за придобивките од вклучувањето здрави извори на масти во нивната исхрана.

Не само што е хранливо маслото од авокадо, туку е безбедно за готвење на висока топлина и може да се користи на различни начини за да се создадат вкусни и здрави оброци за срцето. Меѓутоа, повеќето луѓе нема да бидат задоволни со цената, која е исто така доста висока за нашите услови.

Причината зошто маслото од авокадо е сè уште луксузен производ, иако авокадото го гледаме на секој чекор, е фактот што неговото производство сè уште не е доволно распространето. Најголем дел од него се произведува во Мексико, а во 2016 година започна и првото големо производство во САД.

А зошто стручњаците за исхрана го ценат толку многу? Маслото од авокадо е полно со олеинска киселина, односно мононезаситени масти, кои се многу поздрави за срцето и крвните садови од заситените, кои сочинуваат 12 отсто од неговиот состав. Ако ги рангираме маслата според тоа колку заситени масти содржат, маслото од авокадо ќе се најде зад кокосовото масло, палминото масло, маслото од семки на памук, маслото од кикиритки, маслото од соја, екстра девственото маслиново масло, пченкарното масло и маслото од сончогледово семки. Масла кои, пак, се поквалитетни во овој аспект на содржината се: масло од грозје, масло од репка, масло од шафран и масло од орев.

Маслото од авокадо е одличен извор на омега-9 масни киселини, антиинфламаторниот антиоксидант витамин Е и лутеин (кој го подобрува видот). Во споредба со маслиновото масло, маслото од авокадо е богато со фитостероли, стероиди кои го намалуваат ЛДЛ (лошиот) холестеролот и кои се задржуваат во маслото од авокадо дури и по долги периоди на изложеност на висока топлина. Токму оваа точка на топлина е клучната причина зошто ова е најдоброто масло за пржење – онаа за нерафинирано изнесува 250 степени Целзиусови, а за рафинирано 271. Сепак, тешко дека со него ќе наполните длабока фритеза или тава, со оглед на тоа што шише масло од авокадо е многу скапо. Поради ова, но и поради здравствените придобивки, сè уште е најдобриот избор да го консумирате во салати или преливи, ладно цедено во сирова форма, се наведува на порталот „Хелт“ (Health).

Како и другите преработени масла, маслото од авокадо имал низок удел на повеќето хранливи материи. Сепак, нерафинираното масло од авокадо обезбедува добар извор на витамин Е.

Една лажица масло од авокадо содржи:

– Калории: 124
– Масти: 14 г
– Заситени масти: 1,62 г
– Незаситени масти: 9,88 г
– Јаглехидрати: 0 г
– Влакна: 0 г
– Протеини: 0 г
– Витамин е: 3,5 мг

Ризици од маслото од авокадо

Маслото од авокадо е безбедно за повеќето луѓе. Сепак, оние кои се алергични на авокадо генерално треба да избегнуваат масло од авокадо и други производи направени од овој здрав плод.

Исто така, како и сите масти, маслото од авокадо е калорична храна и треба да се користи во мали количини. Прекумерното консумирање на која било висококалорична храна може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот