Ова е најздравата риба на светот: Една порција неделно го штити срцето

Фото: Профимедиа

Сите знаеме дека рибата е здрава за јадење. Таа е полна со омега-3 масни киселини поради што се препорачува да ја консумираме најмалку двапати неделно.

Но, дали сте знаеле дека секоја риба не е здрава?

Ви донесуваме список на 9 најздрави риби на светот:

1. Атлантски лосос: Велат дека омега-3 масните киселини кои ги содржи црвеното месо на оваа риба можат да влијаат на биолошкиот часовник на човекот, што значи дека можат да го забави стареењето.

2. Сина риба: Се смета за исклучително корисна за човечкиот организам бидејќи содржи изобилство од фосфор, калиум, калциум, натриум и железо.

3. Атлантска харинга: Се смета за помасна риба, но омега-3 масните киселини кои ги содржи се од голема корист за кардиоваскуларниот систем.

4. Езерска златовчица: Риба која живее во слатки води. Нејзиното месо е масно, речиси како месото од лосос, но не се суши кога термички ќе се обработи.

5. Папалини: Гириците или сарделите се вид риба која има толку протеини што може да му парира на кое било месо. Од друга страна, нејзините калориски вредности се мали. Богата е со витамини и минерали кои му се потребни на организмот за нормално функционирање.

6. Скуша: Оваа риба е совршена за секоја диета бидејќи содржи малку калории, а многу витамини и минерали.

7. Пастрмка: Ако само еднаш неделно јадете пастрмка, можете да го намалите високото ниво на холестерол, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да го намалите ризикот од појава на проблеми со помнењето во староста.

8. Сардина: Оваа мала риба добро се апсорбира во човечкиот организам и е одличен извор на протеини. Сардината содржи цел комплекс на витамини (А, Б12, Б6, Д) и рибино масло кое го намалува холестеролот.

9. Туна: Богата со омега-3 и омега-6 масни киселини, што ја сместува помеѓу најкорисните риби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот