Ова е најлошото нешто што една мајка може да и го направи на својата ќерка – Тврди психологот Лабковски

Популарниот руски психолог, Михаил Лабковски, зад себе има 40 години труд на тема психологија на семејството. Во оваа прилика тој раскажа за воспитувањето на ќерките и мајките кои трпат.

„Статистички во семејствата најчесто жените се жртви. Не ми се допаѓа идејата жените по природа да се пасивни и пожртвувани. Всушност, постојат социјални корени, норми, но и родителски реченици кои, буквално можат да уништат една девојка, која подоцна треба да биде жена“.

„Ти си девојка, девојките не се расправаат“
„Чувај го образот, молчи, стрпи се малку“
„Жената мора да умее да трпи“ – и останати глупости.

За жал, многу мајки се уште на овој начин ги воспитуваат ќерките. Но се случува и мајката на својата ќерка да и каже „Биди силна“, „Мора да имаш своја позиција и неуништлив став“ или „Тебе ништо не те ограничува“, додека мајката живее живот како типична жртва.

Нормално, најлошото нешто што една мајка може да го направи за своето дете е после караницата со таткото, да седне и да каже „види што ми направи твојот татко!“.

Тоа никако не смее да се случи! Вашето дете не треба да биде ваш терапевт!

Инаку, да се осврнам и на популарната фаза „Трпам само поради моите деца“ – Дрaга жено, колку повеќе трпиш и толерираш, толку посилно формираш жртва во твоето дете!

Ако сакаш да направиш нешто важно за своето дете – остави го тиранинот! Ќе биде подобро децата да живеат во изнајмен стан, на село или малку да почувствуваат сиромаштија, отколку секој ден да гледаат како нивниот татко ја злоставува мјаката или пак како родителите често се расправаат.

„Еден мој пријател обожава да каже: Се уште не е се одлучено! Секогаш можеш да почнеш да живееш поинаку“.

Проблемот е во главата, а не во сопругот, шефот, економската ситуација или било што друго! И само ти можеш да го направиш првиот чекор!

Михаил Лабковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот