Ова е најлошиот можен момент за да молите за внимание – Зошто Британците повторно ги нападнаа Меган и Хари?

Foto: EPA / Yui Mok

Борис Џонсон е во болница, но тие самите себе си се сметаат за најважни, коментираат бесните Британци…

Поранешниот британски принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл од почетокот на април повеќе не се членови на кралското семејство, титулите официјално им се одземени, како и брендот со кој се претставуваа, називот „Sussex Royal“.

Својата јавна работа ќе ја продолжат преку непрофитната организација под називот Арчвел (Archewell), која го носи името на нивниот десетмесечен син Арчи Маунтбатен Виндзор.

„Како и сите други, и нашиот фокус во моментот е на глобалната борба против пандемијата на коронавирусот, но откако информациите за нашите планови стигнаа во јавноста, моравме да ја претставиме и нашата страна од приказната“, соопшти парот и наиде на негативни критики од јавноста.

„Ова е најлошот можен начин да молите за внимание“, гласат коментарите на бесните Британци, бидејќи нивната земја во моментот со сите напори се бори против пандемијата.

„Борис Џонсон е во болница, но тие самите на себе си се најважни“, коментираа жителите на татковината на Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот