Трамп

Трамп пак им се закани на Иранците, ги навреди, па рече: „Слава му на Алах“

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека вторник „ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите“ во тековната американско-израелска војна против Иран, додавајќи дека Техеран мора да го отвори Ормутскиот теснец, во спротивно „ќе живеете во пекол“.

„Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сѐ во едно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете го ебениот теснец, вие луди копилиња, или ќе живеете во пекол — САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП,“ напиша тој, во својот својствен стил, на мрежата „Трут сошал“.

 

Трамп, во изминатите недели вршеше притисок врз европските сојузници да се приклучат кон напорите за обезбедување на пловидбата низ Ормускиот Теснец, но дел од сојузниците јавно покажаа отпор кон американскиот пристап.

Во меѓувреме, Трамп повеќепати тврдеше дека има дипломатски контакти и можност за договор со Техеран, но од Иран стигнуваат спротивни или резервирани пораки, вклучително и негирања дека се водат директни разговори за примирје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот