Отстранети 215 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје
Вкупно 215 возила се отстранети со специјалните возила „пајак” од јавните површини на Град Скопје во текот на изминатата недела, поточно од 4 до 10 овој месец. Триесет од нив се отстратени од зонските паркиралишта, а останатите 185 по налог на сообраќајната полиција по разни основи за непрописно паркирање.
Во истиот период контролорите на зонските паркиралишта санкционирале 342 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 30 возила се отстранети со „пајак” службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг” апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркингуслугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје